САД пред втор бран на епидемијата, предупредуваат експертите

Од:

Соединетите Американски Држави се соочуваат со вториот бран на случаи на инфекции со коронавирусот, предупреди денес Ерик Тонер, епидемиолог од угледниот универзитет Џонс Хопкинс во Мериленд.

„Во некои делови на земјата се појавува нов бран на коронавирусот. Бранот е мал, но тој полека доаѓа,“ им кажаТонер на новинарите.

Експертот посочи дека во некои држави зголемувањето на бројот на инфекции го надминува зголемувањето на бројот на тестови  што предизвикува загриженост во врска со можноста за одржување на епидемијата под контрола.

Според него, ќе бидат потребни неколку недели за да се добие точен и прецизен увид во ситуацијата, додавајќи дека дотогаш може да биде „предоцна“ за соодветен одговор.

Џефри Морис од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Пенсилванија, изјави дека вториот бран на епидемијата на коронавирусот веќе се јавува во Аризона, Тексас, Флорида и Калифорнија.  Ленс Волер, професор на Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Емори, пак, верува дека вториот бран ќе биде доста поразличен од првиот.

Повеќе од 114.000 луѓе во САД досега починаа од ефектите на Ковид-19,  а бројот на заразените надмина два милиона.

Федералните држави, кои претходно воведоа рестриктивни мерки против ширењето на пандемијата, од 20 мај почнаа да укинуваат одредени ограничувања за стопанските субјекти и за движење на луѓето во јавниот простор.

Во последните денови, сепак, во многу делови од земјата е забележен  врвот на заразата. Во Тексас, на пример, вчера беше регистриран најголемиот дневен број на заразени од почетокот на пандемијата или вкупно 2.504 лица. Флорида неделава регистрира вкупно 8.553 случаи, најмногу досега за една недела. Исто така, од 13 мај значително е зголемен и бројот на хоспитализирани пациенти во Калифорнија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел