САД синоќа повторно побараа од Русија да го екстрадира Едвард Сноуден. Американскиот државен секретар Џон Кери во телефонскиот разговор со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров побара поранешниот советник на Националната безбедносна агенција (НСА) Сноуден да биде вратен во САД.
Барањето беше упатено по веста дека Русија му дозволила на Сноуден да ја напушти транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево.
– Кери го повтори нашиот став дека господин Сноуден треба да се врати во САД и да одговара пред суд, изјави портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки.
Кери во разговорот со Лавров истакна дека Сноуден не е активист за заштита на човековите права, туку лице кои се товари за три кривични дела.