САД потврдија дека го контролирале интернетот на Австрија

Од:

САД одговорија на прашањата на австриското Министерство за внатрешни работи упатени по повод скандалот со прислушувањето од страна на американската Агенција за национална безбедност (НСА) и потврдија дека е можно да се собирани податоци и за Австријци.

Амбасадорот на САД во Виена Вилијам Ико ги пренел усните одговори на прашањата испратени по писмен пат од министерката за внатрешни работи Јохана Микл Лајтнер.

Таа наведе дека расветлувањето на аферата се уште не е завршено.

Амбасадорот Ико потврди дека постои програма за собирање на податоци под име „ПРИСМ“, чие постоење го обелодени поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден. Тој посочи дека е можно НСА да собирала податоци и за корисниците на интернет од Австрија, односно тие податоци кои оделе прекусерверот во САД.

Иако потенцира дека не се собирани податоци поврзани за одделни личности, туку исклучиво „целни податоци“, како и дека сите активности ги одобрил еден судија.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски