САД покренале обвинение за шпионажа против Едвард Сноуден

Од:

Американското обвинителство поднело тајно барање за формирање кривична постапка против Едвард Сноуден, кој го отрки постоењето на тајна американска програма за следење на телекомуникациите, објави весникот „Вашингтон пост“.

Сноуден е обвинет за шпионажа, кражба и злоупотреба на државна сопственост. Трите дела се казниви со до 10 години затвор.

САД побарале од Хонг Конг да го задржат поранешниот службеник во Агенцијата за национална безбедност со привремена наредба за притвор, наведува весникот, повикувајќи се неименуван американски службеник.

Тужбата е поднесена на 14 јуни до судот во Источниот округ на сојузната држава Вирџинија, каде се наоѓа седиштето на неодамнешниот работодавач на Сноуден, консултантската компанија „Буз Ален Хамилтон“.

Сноуден се крие во Хонг Конг. Поднесувањето на тужба дава можност на американските власти да му судат на Сноуден и да побараат негова екстрадиција од Хонг Конг. Сепак, тој може да го оспори барањето пред судот.

САД и Хонг Конг имаат договор за екстрадиција, но во него се прави исклучок за политички прашња, на кои по традиција спаѓа и шпионажата.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска