САД: Поддршка за Израел, предупредување за Хезболах

Од:

Американската Влада изрази загриженост поради зголемените тензии на израелско-либанската граница, давајќи поддршка на Израел и предупредувајќи го либанскиот Хезболах, кој го поддржува Иран, да се воздржи од акции кои претставуваат закана по безбедноста на Либан.

По размената на оган меѓу Израел и Хезболах долж либанската граница, премиерот на Либан, Сад ел Харири разговараше со американскиот државен секретар Мајк Помпео и со советник на францускиот претседател Емануел Макрон, апелирајќи на меѓународната заедница да ја смири ситуацијата со Израел и Хезболах.

– САД целосно го поддржуваат правото на Израел на самоодбрана, истакна официјален претставник на Стејт департментот.

Тој нагласи дека Хезболах треба да се воздржи од „непријателските акции кои претставуваат закана за безбедноста, стабилноста и суверенитетот на Либан“, нагласувајќи дека Иран има удел во насилството.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел е подготвен за секое сценарио по најновите судири на израелските сили со либански Хезболах.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Ал Џезира: Израел утре ќе ослободи 90 палестински затвореници

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски