САД почнаа со распоредување бомбардери во близина на Иран

Од:

Американските воздухопловни сили почнаа со распоредување на шест стратешки бомбардери Б-52 во базата на островот Диего Гарсија во Индискиот Океан по убиството на генералот Касим Сулејмани, јави Фокс Њуз.

Тој потег следува по обидите на американските воени официјални лица да ги засилат ресурсите во близина на Блискиот исток, откако ирачката шиитска милиција Катаиб Хезболах навести за можни напади како одмазда за смртта на Сулејмани.

Бомбардерите Б-52 се забележани како полетуваат од воздухопловната база „Баксдејл“ во Луизијана кон островот Диего Гарсија, што се наоѓа на околу 3.700 километри од јужната граница на Иран.

Секој авион има осум мотори и е дизајниран да носи голема количина оружје, вклучувајќи крстoсувачки ракети, конвенционални бомби и ласерски наведувани бомби и нуклеарни гравитациски бомби.

Американската армија претходно во мај испрати бомбардерска оперативна група во Катар, но бомбардерите ја напуштија по неколку месеци, изјави неименуван американски претставник за одбрана.

Би можело да ве интересира

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Путин и Трамп ќе се сретнат на крајот на февруари

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ретка снимка: Руски бомбардер напаѓа американски дрон

А1он

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Трамп дефинитивно го спасува ТикТок: Во понеделник тој ќе потпише налог за продолжување на исклучувањето