САД побара Русија итно да го екстрадира Сноуден

Од:

Белата куќа соопшти дека Москва има јасна правна основа итно да го екстрадира поранешниот службеник на американската Агенција за национала безбедност Едвард Сноуден.

Портпаролката на Советот за национална безбедност Кејтлин Хејдон изјави дека правната основа за екстрадирање на Сноуден е статусот на документите со кои патува и обвиненијата против него за шпионажа.

– Иако немаме договор за екстрадиција со Русија, сепак постои јасна правна основа за враќање на Сноуден. Ние настојуваме руската Влада да преземе дејства за екстрадирање на Сноуден без одложување и со тоа да ја продолжи силната правна соработка која ја имаме, посебно по бомбашките напади на Бостонскиот маратон, истакна Хејдон.

Таа додаде дека Белата куќа се согласува со изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека проблемот не треба негативно да се одрази на односите меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска