САД побара од Еквадор да го одбие барањето на Сноуден за азил

Од:

Американската администрација побара вчера од Еквадор да го одбие барањето за азил, кое до земјата го испратил Едвард Сноуден, поранешен соработник на американската Национална агенција за безбедност кој ги разоткри шпионските програми на Вашингтон.

– Повикот за одбивање на барањето на Сноуден за азил го упати американскиот потпретседател Џозеф Бајден, истакна еквадорскиот претседател Рафаел Кореа, додавајќи дека двете земји ќе одржат дополнителни консултации по ова прашање.

Кореа нагласи дека „во љубезен разговор“ Бајден ги замолил властите на Еквадор да го одбијат барањето на Сноуден за азил.

На барањето на Бајден, Кореа одговориле дека Еквадор не може да ја разгледува апликацијата на Сноуден, бидејќи тој не е „физички присутен на територијата на оваа земја“.

– Оној момент кога тој ќе пристигне тука, доколку тоа го направи, ќе се консултираме со властите во САД, исто како и во случајот со Џулијан Асанж со Велика Британија. Одлуката сепак ќе ја донесеме сами, изјави Кореа.

Според еквадорскиот претседател, судбината на Сноуден сега е во рацете на руските власти.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска