САД планираат нови царини за Канада и за Мексико

Од:

Американскиот трговски претставник, Џејмисон Гриер, синоќа изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп планира воведување нови царини за партнерите од договорот за слободна трговија меѓу САД, Мексико и Канада (УСМКА).

Гриер наведе дека Вашингтон има сериозни нерешени прашања во трговските односи со Канада и оти е неопходно воведување царини поради големиот трговски дефицит.

„Ќе мора да воведеме царини додека го имаме овој огромен трговски дефицит“, изјави тој на Форум додавајќи дека САД во изминатиот период разговарале со повеќе земји за потребата од одредени царински мерки.

Договорот УСМКА го замени Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА) од 1994 година. Канада последна го ратификуваше новиот договор во март 2020 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби

ВИДЕО: Новиот шеф на Белата куќа е креатор на најконтроверзните политики

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

ВИДЕО: Нов обид за атентат врз Трамп

Трамп ја прогласува Овалната соба во Белата куќа за национален споменик