САД планираат да испратат воени советници во Украина

Од:

САД планираат да испратат во Украина помала група воени советници, кои ќе и помогнат на земјата околу потребите во областа на реформите на вооружените сили, изјави портпаролот на Пентагон, Ајлин Лејнез.

– Вашингтон, исто така, има намера да му испорача на Киев различни видови воена опрема, како на пример заштитни елеци, прибор за ноќно набљудување и комуникациски средства, истакна Лејнез.

Според неа, во текот на неделава претставници на Министерството за одбрана на САД имале средби со високи украински функционери, но не потврди каде точно се случиле тие контакти.

За време на овие разговори двете страни ги разгледале „начините според кои можат да ја зајакнат долгорочната воена соработка и да и помогнат на Украина да создаде ефикасни вооружени сили и одбранбени институции“.

Американскиот претседател Барак Обама на почетокот на март одобри испраќање на над 23 милиони долари дополнителна помош за Украина во сферата на безбедноста.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите