Соединетите американски држави по прв пат оваа година испаднаа од листата на водечки 10 најпросперитетни држави, на која по богатство и благосостојба на граѓаните најдобро се рангирани три скандинавски земји.
Според годишниот индекс на просперитет, кој го составува советодавната организација „Легатум институт“, САД паднаа на 12. место од 10. позиција, во време на се поголеми сомнежи во здравјето на најголемата националната економија на светот и способноста на нејзините политичари.
Индексот на просперитет се креира во последните шест години во 142 земји и се заснова на осум категории меѓу кои се економската сила, образованието и раководењето со земјата.
Индексот покрива 96 проценти од светската популација и претставува обид за поширока економска дијагноза на земјата, покрај индикаторот како што е бруто домашниот производ.
Извештајот покажа дека и во време на најгомеата светска криза од Големата депресија во 1930. година, глобалниот просперитет пораснал во сите региони во изминативе 4 години, иако чувството за безбедност е загрозено поради тензиите на Блискиот исток и стравот од криминал во Латинска Америка.
Норвешка и Данска ги задржаа водечките позиции, кои ги имаа и во 2011, додека Шведска ги престигна Австрија и Нов Зеланд и се најде на третото место.
Останатите во првата десетка се Канада, Финска, Холандија, Швајцарија и Ирска.
На последното место е Централноафричката Република.
Според овој индекс Словенија е 24 место, Хрватска 50, Црна Гора 57, Македонија 75, Србија 79, додека Албанија и Босна и Херцеговина на 92. и 99. место.