САД: Остануваме ангажирани за уништување на ИД

Од:

САД ќе останат ангажирани за целосното уништување на џихадистичката група Исламска држава (ИД) и ќе проодлжат да инсистираат на повлекувањето на проиранските сили од Сирија. изјави политичкиот координатор при американската Мисиија во ОН, Родни Хантер.

– Ќе продолжиме да работиме со сојузниците за справување со тероризмот. САД ќе продолжат да работат со сите земји со кои споделуваат заедничи ставови, со ОН и со сириската опозиција за изнаоѓање дипломатско решение за конфликтот (во Сирија), изјави Хантер во обраќање пред Советот за безбедност на ОН.

Изјавата на Хантер доаѓа по најавата на Белата куќа за неочекуваната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на силите на САД од Сирија.

Трамп соопошти дека американските сили во Сирија ја завршиле нивната мисија – уништувањето на ИД и затоа повеќе не се потребни на теренот.

Одлуката на Трамп наиде на критики од страна на дел од американските сојузници, но и од сопартијци на Трамп, кои оценија дека ИД не е уништена и се уште претставува серизона закана за мирот и безбедноста.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски