САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

Од:

Соединетите Држави очекуваат напад на Иран врз Израел, но таков што нема да биде доволно голем за да го вовлече Вашингтон во војна, изјави доцна вчера американски официјален претставник. Белата куќа претходно соопшти дека Вашингтон не сака конфликтот да ескалира на Блискиот Исток и дека САД му кажале на Иран дека не е вклучена во воздушниот напад врз главниот ирански воен командант во Дамаск.

Белата куќа соопшти дека го предупредила Иран да не го користи нападот како изговор за понатамошна ескалација во регионот. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вчера изјави дека Израел директно ќе одговори на секој ирански напад.

„Директен ирански напад ќе бара соодветен израелски одговор“, му рече Галант на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, според забелешките објавени од неговата канцеларија.

Пентагон соопшти дека двајцата разговарале за „цврстата“ посветеност на Соединетите Држави за безбедноста на Израел против заканите од Иран и неговите полномошници.

„Повторувајќи ја недвосмислената порака на претседателот Бајден до израелскиот премиер Нетанјаху, секретарот Остин го увери секретарот Галант дека Израел може да смета на целосна американска поддршка во одбраната на Израел од иранските напади, на кои Техеран јавно се закани“, соопшти Пентагон.

Се додава дека посетата на Израел на највисокиот американски генерал за Блискиот Исток, армискиот генерал Мајкл „Ерик“ Курила, е одложена за да може да се сретне со израелското воено раководство за да разговара за „актуелните безбедносни закани“. Курила во последните месеци редовно патува во Израел.

Би можело да ве интересира

Израел: Убиени се повеќе од 500 терористички оперативци во Либан за девет месеци

ВИДЕО: Израел нареди евакуација од хуманитарната зона

Повеќе од 100 пожарникари се борат со шумскиот пожар во Јута

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида

ВИДЕО: Голема експлозија по напад со дрон во Тел Авив, една жртва и 10 се повредени

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел