САД: Не сакаме договор со Иран

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД сè уште имаат значителна предност во однос на Иран и не сакаат да преговараат со преостанатото иранско раководство.

„Не сакаме договор“, им рече Трамп на новинарите на авионот „Ер Форс Уан“. „Тие би сакале договор. Ние не сакаме договор“.

Стив Виткоф, еден од неговите главни претставници во разговорите за Иран, рече дека раководството во Техеран не изгледало „особено подготвено“ за време на разговорите пред САД да ги започнат нападите.

За време на разговорите со новинарите, Трамп постојано ги опишуваше тековните операции на САД во Иран како „патување“ и рече дека прашања како што се зголемувањето на цените на горивата и безбедноста на Американците ќе се подобрат откако ќе заврши конфликтот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Време е да се каже отворено, Доналд е виновен за цените на горивата“

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден да не беше еден многу глупав руски генерал

(ВИДЕО) Трамп збесна на новинар: Тишина, тишина, дали си ти болен

Катерина Ѓуровски

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Поддршката за Трамп падна на најниско ниво