САД не биле предупредени за воздушните удари во Сирија кои како што тврдат израелски претставници биле против пратки оружје за либанската Хезболах, изјави американски претставник од разузнавањето.
САД, според него, биле известени за нападите откако биле извршени.
Израелски авиони нападнаа вчера цели во Сирија по вторпат за 48 часа. Израелски претставник сепак призна дека нападите биле извршени од ВВС на Израел.
– За нив не е нвообичаено да преземат агресивни мерки кога има можност оружени системи да паднат во раце на луѓе како што се членовите на Хезболах, изјави американскиот претставник од разузнавањето.
Портпарол на Белата куќа изјави дека Обама „неколкупати“ изјавувал дека како суверена држава Израел има право да преземе акции за заштита на своите граѓани.
Тој не сакаше да даде коментар за израелските напади во Сирија, но нагласи дека според Обама „Израел целосно основано искажува загриженост во врска со заканата од Хезболахкои се обидуваат да се здобијат со модерни оружени системи вклучително и ракети со голем дострел“.