САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Од:

Повеќе од 30 воени началници од најблиските сојузници на Вашингтон се состанаа денеска во Париз без нивните американски колеги, настан без преседан, а темата на разговор беа безбедносни гаранции за Украина во случај на мирно решение.

На состанокот зад затворени врати се собраа началниците на 34 армии, вклучително и од земјите-членки на НАТО и ЕУ, како и од Јапонија и Австралија, пренесува Ројтерс.

Тие разговараа, меѓу другото, за потенцијалното распоредување на европските мировни сили во Украина по завршувањето на конфликтот.

„Политичката порака е дека можеме да го направиме тоа заедно без САД“, изјави за Ројтерс европски дипломат вклучен во разговорите.

Воен претставник рече дека САД не биле поканети и дека тоа е сигнал дека Европа и другите партнери можат да преземат одговорност.

Официјални лица, исто така, истакнаа дека присуството на Јапонија и Австралија на состанокот покажува дека традиционалните сојузници на Вашингтон се соочуваат со неизвесност откако американскиот претседател Доналд Трамп ја презеде функцијата.

Рускиот претседател Владимир Путин постојано изјави дека Украина треба да се демилитаризира.

Официјални лица во Киев изразуваат загриженост дека Украина би можела да биде изложена на нови напади од Русија по постигнувањето на прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Трамп: Изборите во Америка се толку наместени, што не можете ни да замислите

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија