САД најавија нови санкции против Иран

Од:

САД планираат наскоро да воведат дополнителни санкции против Иран, изјави денеска висок претставник на Белата куќа, откако Техеран најави дека ќе редуцира некои ограничувања за својата нуклеарна програма.

Тим Морисон, специјален помошник на претседателот Доналд Трамп и директор за оружје за масовно уништување при Советот за национална безбедност на САД, истакна на прес-конференција дека Вашингтон „не завршил“ со воведување санкции против Иран.

– Наскоро очекувајте повеќе санкции. И тоа многу брзо, нагласи Морисон.

Иранскиот претседател Хасан Рохани претходно предупреди дека Техеран нема да се придржува кон одредени делови на нуклеарниот договор од 2015 година, давајќи им рок од 60 дена на останатите потписници на тој договор да ги исполнат своите обврски, посебно кога станува збор за банкарските и нафтените сектори.

Рохани истакна дека Иран ќе продолжи со високото ниво на збогатување ураниум, доколку светските сили не ги одржат своите ветувања, дадени во рамки на нуклеарниот договор постигнат во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Иран го чека тајното писмо од Трамп

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

Иранскиот врховен лидер остро му одговори на Трамп

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+