САД му се заканија на Иран со поголема изолација заради неговата нуклеарна програма

Од:

САД денеска го предупредија Иран дека може да се соочи со натамошна меѓународна изолација и притисок доколку не ја отстрани загриженоста на Агенцијата за атомска енергија на ОН заради своите нуклеарни активности, за кои западните земји стравуваат дека имаат воена цел.

Американскиот пратеник Џозеф Макманус на состанокот на Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена го обвини Иран за „провокативни активности“, укажувајќи на неодамна инсталираните современи центрифуги за збогатување ураниум, пренесоа британските медиуми.

-Длабоко сме загрижени заради, како што се покажа, иранската цврста определба за залажување, пркосење и одложување, реле Макманус на состанокот на советот на директори на МААЕ, што се оддржа зад затворени врати.

Западните земји стравуваат дека Иран збогатува ураниум за да развие капацитети за правење нуклеарно оружје и до сега во неколку наварати му воведуваше меѓународни санкции, но Иран тврди дека таа негова програма е легитимна и дека има исклучиво мирољубива цел.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји