САД му наредија на Израел да не го напаѓа Иран

Од:

Командантот на израелските воздухопловни сили, генерал-мајор Омер Тишлер, денес во писмо до војниците објави дека големиот „бран“ воздушни напади врз Иран минатата недела е откажан.

Израелските воздухопловни сили минатата недела нападнаа повеќе цели во Иран како одговор на ракетирањето на Иран кон Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

„Паралелно со одбранбената битка, воздухопловните сили започнаа офанзива на 1.500 километри од дома. За неколку часа беа погодени десетици цели во Иран, иранскиот систем за воздушна одбрана беше значително оштетен, а беа погодени и дополнителни компоненти на режимот“, рече Тишлер во писмо до војниците.

Тишлер рече дека големата операција, која беше планирана не е спроведена. Тишлер рече дека „целата воздухопловна сила била подготвена да полета“ за да нападне „стотици цели во срцето на Иран“. Според него, израелскиот напад бил запрен „само еден час пред почетокот на борбата“. Тишлер додаде дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го откажал нападот откако американскиот претседател Доналд Трамп му наредил да не го ескалира конфликтот со Иран.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дијаз-Канел му одговори на Трамп: Куба е решена да се одбрани од секој обид за агресија

Горан Наумовски

Иран тврди дека уништил американски радар во Бахреин, САД демантираат

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Рубио: Нема потреба од понатамошни напади врз Иран

Хаос во авиосообраќајот во САД: Летовите продолжија, но доцнењата и откажувањата остануваат

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа