САД му даде азил на еквадорски новинар

Од:

Владата на САД му даде азил на еден новинар од Еквадор, познат по својата критика на претседателот Рафаел Кореја.

Ова постапка, според медиумите, се толкува како одговор на одлуката на Еквадор да му даде азил на основачот на „Викеликс“, Џулијан Асанж.

Емилио Паласио, осуден за навреда на претседателот, изјавил дека добил азил во САД, еден ден откако Еквадор одлучи за азилот на Асанж.

Со ова тој ќе ја избегне тригодишната казна затвор за една негова статија, објавена во весникот „Ел Универзо“, во која тој наведува дека Кореја направил „злосторство против човештвото“ алудирајќи на полициското насилството во оваа држава што се случи во септември, 2010 година.

Од друга страна пак, Асанж со азилот во Еквадор, се спаси од екстрадицијата во Шведска, каде што беше обвинет за силување, и можноста потоа да стигне до рацете на САД, каде што можеби го чекаше смртна казна.

Американските власти одбија да ја коментираат својата одлука за доделувањето на азил на новинарот Паласио.

Би можело да ве интересира

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници

Затворениците во Еквадор ослободија 11 вработени во затворот кои беа земени како заложници