САД купиле уште 200 милиони дози од вакцината на Фајзер

Од:

Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ и неговиот германски партнер „Бионтек“ денеска соопштија дека американската Влада купила 200 милиони дополнителни дози од нивната вакцина против „Ковид-19“ и оти имаат опција да се купи нова верзија на вакцината против Делта сојот.

Во соопштението се наведува дека вкупниот број на дози што ќе бидат доставени до САД е 500 милиони, од кои, според податоците на американската влада, веќе се доставени приближно 208 милиони дози.

Минатата година компанијата „Фајзер“ потпиша договор со американската влада за набавка на 100 милиони дози вакцини за скоро две милијарди долари, со можност за купување на уште 500 милиони дози. Поголемиот дел од новите дози ќе бидат испорачани до крајот на годината, а останатите 90 милиони до 30 април следната година, соопштија компаниите.

Директорот на Американскиот центар за контрола и превенција на болести вчера изјави дека седумдневниот просек на нови случаи во САД се зголемил за 53 проценти во споредба со претходната недела.

Делта-сојот, прво откриен во Индија, е одговорен за повеќе од 80 отсто од новите случаи на национално ниво.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД