САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

Од:

Соединетите Држави имаат намера да го искористат правото на вето во Советот за безбедност на Обединетите нации доколку има некакви амандмани на резолуцијата што ја доставија по повод третата годишнина од руската инвазија на Украина, изјави денеска претставник на Стејт департментот.

Официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен, рече дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е фокусирана на доведување на страните во војната во Украина на преговарачка маса, пренесе Ројтерс.

„Ќе ставиме вето на руските амандмани доколку бидат поднесени во Советот за безбедност. Ќе ставиме вето на европските амандмани доколку бидат поднесени во Советот за безбедност“, рече претставникот.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал”: Републиканците ќе имаат тешкотии да го одржат мнозинството во Конгресот

Зеленски за мировниот план: Ниту една страна нема да биде целосно задоволна

Орбан: САД сакаат мир, Европа сака војна

„Форин полиси“: Европа е сама меѓу глобалните сили

Трамп: САД се подготвуваат за копнени операции во Венецуела

„Политико“: Вашингтон менува курс, Европа на маргините на глобалните стратегии