САД ќе имунизираат сто милиони луѓе во првиот квартал на 2021 година

Од:

САД очекуваат да имунизираат 100 милиони луѓе со вакцината против коронавирус до крајот на првиот квартал од следната година, изјави денеска шефот на американската програма за брз развој на вакцината против коронавирус, д-р Монсеф Слауи.

„Ќе имунизираме 100 милиони луѓе до крајот на првиот квартал од 2021 година“, рече Слауи во интервју за Фокс њуз Сандеј.

Тој изјави дека Соединетите Американски Држави се надеваат дека ќе имаат околу 40 милиони дози вакцини до крајот на декември, уште 50 до 80 милиони во јануари и исто толку во февруари.

За имунизација е потребно двапати да се прими вакцината.

Би можело да ве интересира

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации