САД, Јапонија и Јужна Кореја ќе потпишат меморандум за разбирање за следење на нуклеарното наоружување во Северна Кореја

Од:

Во Сеул, Вашингтон и Токио денеска и официјално е потврдено дека на 29 декември, во секоја држава посебно, ќе биде потпишан Меморандум за разбирање меѓу САД, Јапонија и Јужна Кореја со кој трите држави се договараат да ги следат нуклеарните и други воени активности на Северна Кореја. Разузнавачките служби на трите држави ќе разменуваат информации и за евентуален обид на Пјонгјанг со балистички ракети да изврши напад кон цели во Јапонија и Јужна Кореја.

Меморандумот за разбирање ќе се потпише по повеќемесечни преговори, а договорот е прв заеднички документ за воена соработка меѓу Јужна Кореја и Јапонија. Одбивањето на Сеул директно да соработува со Јапонија најмногу се должи на незадоволството од јапонското одбивање да ја признае окупацијата на Корејанскиот полуостров во Втората светска војна и создавањето на бордели во кои корејанките како сексуално робје им биле на располагање на јапонските војници.

Според извори од министерствата за одбрана во САД и Јужна Кореја, технологијата со која располага морнарицата на Јужна Кореја овозможува само неколку секунди по ламсирањето радарите и другата опрема да ја пресметаат снагата и маршрутата на балистички проектили што би биле лансирани од Северна Кореја.

Размената на разузнавачките информации ќе се изведува со посредство на САД, бидејки Сеул, поради страв од отпор на јавноста, се уште нема намера да потпишува директни спогодби за воена соработка со Токио.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина