САД ја укинаа забраната за увоз на пури и алкохол од Куба

Од:

Америкaнската админстрација ја укина неколку децениската забрана, Американците да не смеат да внесуваат кубански пури и цигари, како и алкохол.

Новите царински мерки стапуваат во сила од утре и според нив, Американците кои ќе престојуваат во Куба, било како туристи или во посета на роднини, ќе може да внесат во САД цигари и тутун, како и пијалоци во вредност до 100 долари.

Американците во Хавана, како и во кубанските туристички центри, од петок ќе може на овој карипски остров да ги користат своите кредитни картички, а американски фирми ќе бидат слободни на партнери во Куба да им продаваат извесна количина технологија.

Новите американски мерки, доаѓаат откако кубанските власти ослободија 53 политички затвореници и дисиденти, што беше еден од предусловите за обнова на дипломатските односи меѓу двете соседни земји кои беа во прекин повеќе од 50 години.

Со спогодбата што две годни тајно ја подготвуваа Вашингтон и Хавана, двете земји се согласија да ги обноват дипломатските и туристичките врски, како и делумно економската соработка, при што и двете страни се согласија на отстапки. САД ги ослободија последните тројца од кубанската шпионска петорка, а Куба, покрај дисидентите, ослободи и еден „американски шпион“ Кубанец кој 20 години беше уапсен, како и еден Американец, претставник на агенцијата УСАИД кој пет години беше затворен во Хавана.

Новите мерки за Американците кои патуваат во Куба, значат укинување на прописите кои забрануаа било каква економска и туристичка соработка со „комунистичкиот остров“ но тие не се укинување и на економската блокада на САД врз Куба што е на сила од 1961 година.

За целосното укинување на блокадата потребно е согласност на Конгресот на САД, што засега тешко може да се обезбеди.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени