САД ја повикуваат Грција да соработува со ЕУ и ММФ

Од:

Грција треба да соработува со европските земји и со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), со цел да ги реши структурните економски проблеми и да го зачува членството во еврозоната, изјави Бен Родс, советник во Белата куќа за прашања од националната безбедност.

Белата куќа испраќа двојна порака кон Европјците, но и кон Грција. Очевидно е дека Вашингтон е загрижен поради ширење на економската криза, која би ја погодила и американската економија. Од една страна САД се залага за соработка на грчката Влада со „тројката“, а од друга бара од кредиторите да и дадат малку оддишка на Грција за да се опорави во рамки на еврозоната, објавија грчките медиуми.

– Во врска со должничкиот проблем треба да се обрне внимание на структурните реформи, кои треба да бидат реализирани од Грција, но и на грчкиот народ е потребно да му се даде можност за развој, со цел да се овозможи подобра иднина и поголеми економски шанси, истакна претставникот на Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши