САД ја обвинија Кина за злоупотреба на смртта на Џорџ Флојд

Од:

Американските власти денеска ја обвинија Кина дека на „одвратен начин“ ја злoупотребува смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина по полициското апсење.

-Кинеската комунистичка партија на одвратен начин ја користи трагичната смрт на Џорџ Флојд за да го оправда своето авторитарно негирање на човековото достоинство и уште еднаш го покажува своето вистинско лице, рече американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Според Помпео, како и во сите диктатури низ историјата „ниту една лага не е доволно груба кога е во интерес на владејачката партија“.

Тој оцени дека разликата меѓу двете земји може јасно да се види.

-Нашиот печат е слободен и ги покрива сите настани од почеток до крај за да може целиот свет да разбере што се случува, рече Помпео.

Кинеските власти неодамна обвинија дека во САД постои „хронична болест“ на расизмот, оценувајќи дека во оваа земја се користат двојни стандарди.

Кинеското Министерство за надворешни работи го спореди насилството во САД против расизмот по смртта на Флојд со протестите што го потресоа Хонг Конг минатата година.

-Зошто САД ги сметаат за херои поддржувачите на насилството и таканаречената независност на Хонг Конг, а оние кои го осудуваат расизмот ги смета за криминалци, рече неименуван портпарол на кинеската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев