САД ја интензивираа испораката на оружје за арапската коалиција

Од:

САД соопштија дека ја интензивирале испораката на оружје за арапската коалиција, предводена од Саудиска Арабија која врши напади врз бунтовниците во Јемен.

САД исто така разменуваат разузнавачки информации со коалицијата, изјави американскиот заменик државен секретар Ентони Блинкен.

Меѓународните хуманитарни организации предупредуваат на хуманитарна криза во јеменскиот пристаништен град Аден, во кој има интензивни борби меѓу бунтовниците и владините сили.

Изминатите две недели во Јемен загинаа околу 550 луѓе, додека над 2.000 се ранети, соопшти СЗО.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху