САД изврши воздушни напади во Сирија против проирански милиции

Од:

Американската војска соопшти дека вчера извршила воздушни напади во сирискиот Деир ал-Зор врз објекти што ги користат групите поврзани со елитната иранска Револуционерна гарда (ИРГЦ).

Нападите се случуваат во момент кога САД треба да одговорат на нацрт-договорот предложен од Европската Унија со кој ќе се врати нуклеарниот договор со Иран од 2015 година што поранешниот претседател Доналд Трамп го напушти, а сегашниот претседател Џо Бајден се обидува да го оживее. Централната воена команда во соопштение наведе дека таквите напади имаат за цел да ги заштитат американските сили од напади на групите поддржани од Иран.

Централната команда ги нарече нападите „пропорционална акција наменета за ограничување на ризикот од ескалација и минимизирање на ризикот од жртви“.

.Во соопштението за вчерашниот американски напад не се споменува дали има жртви и не се наведува дали воздушните напади биле извршени со авиони со екипаж или без екипаж. Во Сирија има околу 900 американски војници, повеќето од нив се распоредени на исток.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД и Израел сакаат да ги преселат Палестинците од Газа во Африка

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси