САД изработи софтвер за предвидување на реакциите на Кина

Од:

Американските воени команданти во Пацификот изработија софтвер што предвидува како кинеската Влада ќе реагира на акции на САД во регионот, како што се продажбата на оружје, воените активности поддржани од Вашингтон, па дури и посетите на конгресмени на места како Тајван.

Заменик-секретарот за одбрана Кетлин Хикс беше информирана за новиот софтвер за време на посетата на американската Индо-пацифичка команда на Хаваи во вторникот, јавија денеска американски медиуми.

Таа истакна дека софтверот пресметува стратешки отпор. Компјутерскиот систем ќе му помогне на Пентагон да предвиди дали одредени активности ќе предизвикаат голема кинеска реакција. Во октомври кинеската војска ги осуди САД и Канада за испраќање бродови во Тајвански Проток, истакнувајќи оти тоа е закана за мирот и стабилноста во регионот.

Софтверот е изработен со цел да се обезбеди дека американските чекори ненамерно ја вознемируваат Кина.

Додека односите меѓу САД и Кина се веќе на ниско ниво, софтверот предвидува реакција на низа активности до четири месеци однапред.

Би можело да ве интересира

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска