САД испраќаат уште оружје и друга помош во Украина

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека се сретнал со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Берлин и дека „повеќе оружје и друга помош се на пат за Украина“.

Кулеба денеска во Берлин треба да ги информира министрите за надворешни работи на НАТО за ситуацијата во Украина и за тоа како Алијансата може дополнително да помогне во борбата против руската инвазија која трае 12 недели.

„Се договоривме за тесна соработка за да обезбедиме храната што ја извезува Украина да стигне до потрошувачите во Африка и Азија. Благодарен сум на секретарот Блинкен и на САД за нивното лидерство и силната поддршка“, напиша Кулеба на Твитер.

Двајцата разговараа за ефектите од руската инвазија на Украина, вклучувајќи ги и ефектите врз безбедноста на храната во светот, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс.

„Секретарот пренесе детали за последниот дел од американската безбедносна помош за зајакнување на одбраната на Украина“, рече Прајс.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ