САД испраќаат повеќе воени бродови и летала во Јужното Кинеско Море

Од:

Пентагон денеска најави дека американскиот секретар за одбрана Еш Картер неделава лично ќе ги надгледува воените маневри на Филипините, во кои учествуваат и над 5.000 американски и неколку стотици австралиски маринци.

Заедничките воени маневри, први од ваков обем од како лани Филипините ја обновија воената соработка со САД, се изведуваат во провинцијата Палаван, чиј брег излегува на Јужното Кинеско Море, а сценариото на вежбата е ослободување на насилно окупирана нафтена платформа од страна на радикални милитантни групи.

Локацијата на воените маневри и сценариото предизвикуваат негодување во Кина, која смета дека двете работи се непотребни провокации и долевање масло на огнот разгорен поради актуелните спорови околу сувереноста над територијата на Јужното Кинеско Море.

Ова море, богато со риба и големи резерви гас и нафта, Пекинг целосно го прогласи за своја територија, а барања за сувереност над делови од коралните гребени и лагуни имаат и Филипините, Виетнам, Тајван, Малезија и Брунеи.

САД најавија дека и по завршувањето на воените маневри на Филипините бродови, авиони и хеликоптери од Пацифичката флота ќе ги придружуваат филипинските воени, рибарски и комерцијални бродови што пловат низ Јужното Кинеско Море.

Неколку пати овие бродови навлегуваа и во заштитените кинески води на оддалеченост помала од 19 километри. Најачести приближувања се до неколкуте вештачки острови на кои Кина изгради воени и цивилни објекти и до нафтените платформи за кои противниците на целосниот кинески суверенитет тврдат дека се илегални.

Сосотојбата се комплицира бидејки од минатиот месец во споровите е вклучена и Индонезија. Обидот на индонезиската крајбрежна стража да приведе кинески рибарски брод фатен во илегален риболов, беше спречен од неколку помоќни и поопремени кинески воени бродови, а Пекинг и Џакарта се уште разменуваат дипломатски ноти за свое гледање на инцидентот.

Денешните медиуми во југоисточна Азија потсетуваат на неодамнешната изјава на кинескиот претседател Си Џинпинг, дадена неодамна во Вашингтон, во која тој рече дека Пекинг ги почитува меѓународните правила за слободна пловидба, но дека ќе ја брани својата сувереност над Јужното Кинеско Море

Тој додаде вдека Кина нема да прифати ниту еден чин на нарушување на нејзините права и безбедност и ако некој ќе се обиде тоа да го објасни како акт на докажување на слободата на пловидбата.

Би можело да ве интересира

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел