САД испраќаат 400 милиони долари воена помош за Украина

Од:

САД ќе испратат во Украина дополнително воена опрема во вредност од 400 милиони долари, вклучувајќи уште четири ракетни системи, изјави денеска висок американски воен претставник, во обид да се зајакне способноста на Украина да напаѓа подлабоко зад руските линии на фронтот во источниот регион Донбас.

Новата помош е во момент кога Москва оваа недела објави дека презела целосна контрола врз украинската провинција Луганск, која заедно со Доњецк го формира Донбас, иако украинските власти велат дека нивните војници се уште контролираат мал дел од покраината и дека продолжиле тешките борби во неколку села.

Воен претставник рече дека украинските сили се уште ги користат осумте артилериски ракетни системи со висока мобилност (ХИМАРС) што беа испратени претходно и дека ќе добијат уште четири такви системи во новата помош.

Оваа последна помош е 15. пакет со оружје и муниција што САД го испрати на Украина од август минатата година.

Покрај системот ХИМАРС, САД ќе испратат и муниција за артилерија од 155 мм. Пакетот ќе вклучува и три тактички возила, радарски системи, резервни делови и друга опрема.

Официјалниот претставник рече дека клучна цел е да се зајакне логистиката и способностите на Украина за да може војската да ги одржува тие системи за оружје и да продолжи да се бори.

Севкупно, САД испратија помош во вредност од околу 7,3 милијарди долари за Украина од почетокот на војната во февруари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Руската православна црква нема да повика на велигденско примирје со Украина

Песков: Во моментов нема услови за разговори меѓу Русија и Украина

Со беспилотни летала Украина ги нападна руските рафинерии во Краснодар, една од нив престана да работи

Украина се подготвува да ги повлече војниците од Бердичив

Украина од фронтот ги повлекува американските тенкови „Абрамс“

Горан Наумовски