САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Од:

САД и Велика Британија изведоа нова серија заеднички воздушни напади врз осум цели на Хутите во Јемен, потврди Пентагон.

Цел на нападите биле подземните складишта и нивните ракети и способности за надзор, се вели во соопштението.

Ова е втор пат американските и британските сили заеднички да ги нападнат милитантните бунтовници Хути поддржани од Иран како одмазда за постојаните напади на групата врз бродови во Црвеното Море.

САД и Велика Британија рекоа дека се обидуваат да го заштитат слободниот проток на трговија.

Во заедничката изјава објавена од Пентагон се зборува за „дополнителен круг на пропорционални и неопходни удари“ против Хутите.

Ројтерс пренесува дека тројца американски претставници, кои сакале да останат анонимни, потврдиле дека се извршени нови воздушни напади, но засега нема информации колку цели биле погодени.

Во нападот учествувале американски борбени авиони од УСС Ајзенхауер. Четири британски тајфуни им се придружија на американските сили, соопшти британското Министерство за одбрана.

Телевизијата Ал Масира, управувана од Хутите, извести за напади во јеменските провинции Сана, Таиз и Бајда, вклучувајќи ја и воздухопловната база Ал Даилами во близина на главниот град.

Нападите биле насочени кон голем број цели, вклучително и радари, изјавија претходно за медиумите американски претставници.

Официјални лица исто така наведуваат дека ракетите Томахавк и борбените авиони лансирани од воени бродови и подморници биле користени за уништување на местата за складирање ракети и фрлачи на Хути.

Заедничката операција доаѓа приближно 10 дена откако американски и британски воени бродови и борбени авиони погодија повеќе од 60 цели на Хутите на 28 локации во Јемен. Вечерашната акција е осми напад на САД против Хутите.

После тоа, Хутите извршија неколку нови напади на товарни бродови во Црвеното и Арапското море. Нивните службеници претходно денеска соопштија дека го нападнале американскиот товарен брод Оушн Џез во Аденскиот залив, но американската војска тоа го негираше.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија