САД и Русија задоволни од напредокот во уништувањето на сириското хемиско оружје

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска изјави дека САД и Русија се „многу задоволни“ од напредокот што досега e постигнат во уништувањето на сириското хемиско оружје.

Кери, кој се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Самитот на организацијата Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК) на индонезискиот остров Бали, изјави дека сирискиот претседател Башар ал-Асад заслужава доверба за придржувањето кон Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која повикува на уништување на хемиското оружје во Сирија.

Според Кери, вчера започнатото уништување на сириското хемиско оружје е „добро на самиот почеток“.

Тој изјави дека со Лавров се договориле да ги повикаат ОН да се утврди датум за одржување на мировната конференција за Сирија колку што е можно побрзо, можеби уште во втората недела на ноември.

Лавров, од своја страна, изјави дека Русија ќе направи се што е можно за да гарантира дека Асад ја почитува Резолуцијата на ОН за уништувањето на хемиското оружје.

Според рускиот министер за надворешни работи, како што јави ИТАР-ТАСС, Дамаск без никави проблеми соработува со меѓународните инспектори во уништувањето на хемиското оружје.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ