САД и нудат на Украина 50 милиони долари помош

Од:

САД и понудија на Украина нова помош во износ од 50 милиони долари за економските и политички реформи, соопшти Белата куќа во врска со посетата на потпретседателот Џо Бајден на Киев.

Во таа сума влегуваат 11 милиони долари помош за одржувањето на претседателските избори на 25 мај, едукација на избирачите и администрацијата и мониторинг.

Помошта ќе ја финансираат експертски екипи од државните агенции на САД, кои ќе и помагаат на Украина да ја намали зависноста од доставките на руските енеретски компании.

Други технички советници ќе помагаат во борбата против корупцијата.

САД исто така понудиле осум милиони долари воена помош, која вклучува опрема за деминирање, радиостаници и превозни средства, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците