САД и Куба го завршија третиот круг од преговорите за нормализирање на односите

Од:

САД и Куба го завршија третиот круг од преговорите за нормализирање на односите, но без да постигнат спогодба за обновување на дипломатските активности преку отварање амбасади.

Директорката на Одделот за САД во кубанското Министерство за надворешни работи Хозефина Видал изјави дека бил постигнат напредок на овој круг од преговорите.

Американскиот помошник-државен секретар Роберта Џејкобсон ги означи преговорите како мошне продуктивни.

Поранешните противници се согласија дека ќе одржат нови преговори, но не беше прецизиран нивниот датум.

Аналитичарите коментираат дека голем број разлики во однос на отварањето на амбасади се надминати. Куба на 29 мај ќе биде тргната до американската листа на земји, кои го поддржуваат тероризмот.

Кубанскиот Оддел за интереси, кој е сместен во Вашингтон, веќе има отворено сметка во американска банка и тоа значи дека таа повеќе нема да работи исклучиво со готовина.

САД, пак сакаат да добијат гаранции дека нивните дипломати на Куба ќе можат да патуваат насекаде во земјата и да се сретнуваат со кубанските дисиденти без ограничувања.

Поважните теми, како американското трговско ембарго, иднината на американската база Гвантанамо и достигнувањата на Куба во областа на демократијата и натаму остануваат спорни прашања, за кои несогласувањата не се надминати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД