САД и Канада се пред договор за оружје во вредност од половна милијарда долари

Од:

САД планираат да испорачаат ракети пресретнувачи (Standard II Missile 2 (SM-2) Block IIIC) на Канада за околу 500 милиони долари, објавија американскиот Стејт департмент и соодветната владина агенција во Пентагон.

Агенцијата е одговорна за снабдување воена опрема и оружје во странство според меѓувладини договори, промовирање врски меѓу САД и други нации и обезбедување финансиска и техничка помош на надворешните партнери за одбрана на Вашингтон.

Се претпоставува дека ова оружје ќе биде распоредено во канадската морнарица, чија изградба е планирана од Отава, соопшти владата на САД.

Дозвола за спроведување на овој договор меѓу Вашингтон и Отава е издадена од Стејт департментот на САД во согласност со националното законодавство. Администрацијата на САД веќе формално го извести Конгресот за својата одлука. Американскиот законодавен дом сега има рок од 30 дена да го испита новиот договор и евентуално да го блокира.

Би можело да ве интересира

САД прекинаа да и испраќаат разузнавачки информации на Украина

Горан Наумовски

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

САД продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина

Трудо: Трамп сака целосен колапс на нашата економија за да може полесно да нè припои

Горан Наумовски

Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада