САД и Јужна Кореја започнаа заеднички военоморски маневри

Од:

САД и Јужна Кореја денеска започнаа заеднички военоморски маневри, во кои учествува американска нуклеарна подморница, што веројатно ќе предизвика негативна реакција на Пјонгјанг.

Подморницата „Олимпија“ со екипаж од околу 120 лица, се закотви уште минатиот петок во јужнокорејското пристаниште Џинхае.

За време на тридневните маневри, американските сили и јужнокорејските бродови ќе вежбаат пронаоѓање на непријателски подморници и надводни пловни објекти во водите покрај Корејскиот Полуостров.

– Целта на вежбите е зголемување на оперативната компатибилност, зајакнување на соработката и подобрување на подготовката на морнарите. Ова се рутински воени вежби и редовно се спроведуваат, изјави портпаролот на американските военоморски сили, Арлоу Ејбрмсон.

Пјонгјанг секоја заедничка вежба на овие две земји ја оценува како подготовка за напад на севернокорејска територија и постојано апелира повеќе да не се спроведуваат.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски