САД и Германија се договорија за спорниот гасовод „Северен поток 2“, пишува „Вашингтон пост“

Од:

САД и Германија постигнаа договор за рускиот гасовод „Северен поток 2“, ставајќи крај на несогласувањата околу тоа прашање, кои го ставија проектот под знак прашалник, објави „Вашингтон пост“.

Според договорот, Германија се согласила да инвестира во инфраструктурата за украинската зелена технологија, а САД – да ги прекинат своите активности за блокирање на гасоводот, пишува весникот.

Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел разговараше телефонски со рускиот претседател Владимир Путин, и според руски и германски медиуми, тие разговарале за можно продолжување на договорот меѓу Русија и Украина за транзит на гас.

Би можело да ве интересира

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина