САД го тужи Сноуден

Од:

Американското обвинителство поднесе пријава против поранешниот работник на Националната безбедносна агенција (НСА), Едвард Сноуден поради шпиунажа и објавување тајни документи.

Федералното обвинителство на САД бара од властите во Хонг Конг да го притворат Сноуден, кој што е обвинет за кражба, недозволено користење на информаци поврзани со националната безбедност и самоволно давање доверливи информации на неовластени лица.

Се ова се однесува на обелоденувањето дека НСА ја следи целосната интернет комуникација на граѓаните на САД со другите држави.

Информацијата за тужба ја објави „Вашингтон пост“ повикувајќи се на обвинителството во Вирџинија, додека портпаролот на Министерството за правда одби да потврди.

Сноуден на 9-ти јуни јавно рече дека тој на медиумите им ги доставил податоците за работата на НСА, додавајќи дека тој се наоѓа во Хонг Конг.

Неговото сегашно претстојувалиште не е познато, иако американските медиуми шпекулираат дека се уште се наоѓа на кинеска територија.

САД и Хонг Конг имаат договор за екстрадиција кој стапи на сила во 1998 година.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска