САД го намалува нуклеарниот арсенал

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама изготвува решение за дополнителни намалувања на нуклеарниот арсенал на САД, најверојатно до 1.000 или 1.100 боеви глави, изјавија актуелни и поранешни службеници во Белата куќа.

Намалувањето, според изготвениот план е во согласност со визијата на Обама на краткорочен план да се намали нуклеарниот арсенал на земјата, без да ја изложува на ризик националната безбедност, а на долгорочен план, нуклеарното оружје целосно да се укине.

Потпишаниот нов руско-американски договор СТАРТ ги задолжува двете земји да го намалат бројот на нуклеарните боеви глави за ракети со голем дострел до не повеќе од 1.550 до 2018 година. На 1 март Русија соопшти дека ги намалила своите стратешки нуклеарни оружја до 1.492, а САД до 1.737.

Се очекува овој план на Обама да биде објавен во текот на овој месец. Се уште не е одлучено дали дополнителните намалувања ќе бидат извршени еднострано или во рамки на преговорите со Русија.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД