САД ги продолжија разговорите со Талибанците во Катар

Од:

САД ги продолжија разговорите со Талибанците во Катар, јавија западни медиуми повикувајќи се на извор на администрација во Вашингтон.

Преговорите продолжија по три месеци откако американскиот претседател Доналд Трамп нагло ги прекина дипломатските напори за излегување на државата од најдолгата војна што ја водела – во Авганистан.

„САД се приклучија денеска на разговорите во Доха. Фокусот на дискусијата ќе биде да се намали насилството што ќе доведе до внатрешно-авганистански разговори и прекин на огнот“, објасни изворот кој е запознат со напорите за ставање крај на конфликтот во Авганистан, што трае веќе две децении.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД