САД ги повикаа ПКК да ги прекинат нападите и да ги обноват преговорите со Анкара

Од:

Стејт департментот на САД ја повика Курдската работничка партија (ПКК) да ги прекине нападите и да се откаже од насилството, пишува „Хуриет“, повикувајќи се на портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер.

Портпаролот тоа го изјави во одговор на новинарско прашање по повод самоубиствениот напад во неделата врз зграда на жандармеријата во округот Агри, Источна Турција, во кој беа убиени двајца турски војници, а 31 повредени.

Тонер рече дека нападите го „разгоруваат циклусот на насилство“ и изјавил дека САД бараат ПКК да ги прекине нападите, да се откаже од насилството и да почне одново преговори со турската Влада“.

На прашањето во врска со тврдењата за цивилни жртви при воздушните напади на турската армија врз цели на ПКК во Северен Ирак, Тонер рече дека САД не сакаат цивилни жртви и ги сфаќаат многу сериозно тие информации.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД