САД бараат екстрадиција на Едвард Сноудeн од Хонг Конг

Од:

САД синоќа до властите во Хонг Конг поднесоа барање за екстрадиција на поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноудeн, кој обелодени дека американските тајни служби имаат програми за следeње на телефонските и интернет комуникациите на луѓето ширум светот.

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Томас Донилон соопшти дека правосудните органи на САД преговараат со властите во Хонг Конг околу екстрадицијата на Сноудан, кого американското Обвинителство официјално го обвини за шпионажа.

„Доколку Хонг Конг не реагира брзо (на барањето), тоа ќе ги влоши билатералните односи и ќе го наметне прашањето дали Хонг Конг по почитуваа владеењето на правото“, нагласи Донилон.

Во меѓувреме, Сноуден во интервју за весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“ обвини дека САД ги шионираат кинеските мобилни оператори со цел да добијат разузнавачки информации.

„НСА прави многу работи, меѓу кои и шпионирање на кинеските мобилни оператори за да ги краде сите ваши СМС пораки“, изјави Сноуден.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска