Сабах: Телото на Кашоги растопено во киселина и фрлени низ канализација

Од:

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги ликвидиран на 2. октомври во саудискикот Конзулат во Истанбул се ослободиле од неговото тело со фрлање во канализација откако претходно било растопено во киселина, објави турскиот весник Сабах.

Анализа на примероци од канализацијата во резиденцијата на Конзулатот овозможило откривање траги на киселина, објави провладиниот весник не наведувајќи извори.

Истражителите оценуваат дека телото на новинарот било растопено во киселина и потоа фрлено во канализација. Откако претходно негираа негово убиство, саудискиот власти на крајот објавија дека новинарот бил убиен во операција што Ријад „не ја одобрил“.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија