Руте: Турските дипломатски санкции се непримерени

Од:

Холандскиот премиер Марк Руте денеска изјави дека турските санкции против холандската Влада во текот на дипломатскиот судир меѓу двете земји „не се премногу лоши“, но се непримерени, бидејќи Холанѓаните имаат повеќе причини да се лутат.

Санкциите вклучуваат замрзнување на дипломатската комуникација, но не вклучуваат никакви економски мерки, пренесоа британските медиуми.

– Од една страна сметам дека е бизарно Турција да зборува за санкции, кога ние имаме повеќе причини да се лутиме заради тоа што се случи за време на викендот, изјави Руте.

Холандија, исто како Германија и Австрија, зазеде став да не им дозволува на турските политичари на нејзина територија да одржуваат собири за поддршка за претстојниот референдум за измена на Уставот, што на турскиот претседател Реџеп Тајип Ергодан треба да му овозможи да ги прошири своите надлежности.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција