Руте: Прерано е за посредништво за надминување на кризата во односите со Турција

Од:

Холандскиот премиер Марк Руте синоќа изјави дека е прерано за посредништво за надминување на дипломатската криза меѓу Холандија и Турција, пренесоа американските медиуми.

По синоќешните последни дебати пред денешните парламентарни избори во Холандија, Руте изјави: „Супата е толку жешка што ќе биде лошо доколку некој реши да ја проба“.

Тој, меѓутоа, вети дека неговата влада нема да ги влошува работите, на пример, да го протера турскиот амбасадор.

Премиерот напомена дека Холандија против Турција веќе презела чекори без преседан, со минатонеделното одбивање да одобри влез на нејзина територија на шефот на турската дипломатија.

Изјаснувајќи се за ситуацијата со британскиот Брегзит, Руте изрази сомнеж за оптимизмот на Британците дека излезот од Европската Унија на Обединетото кралство ќе му донесе блескава иднина и кажа дека тој повеќе ќе му донесе непоправливи штети.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени