Руското Министерство за одбрана потврди дека нејзините копнени сили влегле во Украина од Крим, што е прва потврда од Москва за напредувањето на нејзините копнени сили.
Претходно Русија само објави дека извршила воздушни и ракетни напади врз украинските воздушни бази, батерии за противвоздушна одбрана и други воени објекти и дека во нападот биле уништени 83 украински воени објекти.
Портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков за првпат од почетокот на акцијата потврди дека руските копнени трупи влегле во Украина, нагласувајќи дека напредуваат кон градот Херсон, северозападно од Крим. Херсон се наоѓа на акумулацијата што обезбедува најголем дел од водата за Крим додека Украина не го прекина снабдувањето со изградба на брана во 2017 година како одговор на руската анексија на украинскиот полуостров.
Извор: МИА