Руско гледиште за војната меѓу Иран и Израел: „Ова е нашата стратешка можност“

Од:

Конфликтот меѓу Иран и Израел доминира во насловите на руските весници денес, а многу коментатори во Москва ја гледаат ескалацијата на Блискиот Исток низ призмата на сопствените геополитички интереси, пишува дописникот на Би-Би-Си за Русија, Стив Розенберг.

„Колку и да звучи цинично, овој конфликт носи и одредени придобивки за Русија на тактичко ниво“, објавува таблоидот Московски Комсомолец, посочувајќи на зголемувањето на цените на нафтата и намаленото внимание на Западот кон војната во Украина.

„Киев е заборавен“, се вели во текстот.

Деловниот весник Комерсант оди чекор понатаму: „Секоја ескалација на Блискиот Исток ги одвлекува противниците на Москва од Украина и ги менува приоритетите на западната воена помош“.

Во овој контекст, руските аналитичари сугерираат дека Москва би можела да се обиде да игра улога на „непристрасен посредник“ – не мора да ја реши кризата, туку барем да помогне во нејзиното деескалирање. Ова, смета Комерсант, би го зајакнало политичкото влијание на Русија во регионот.

Сепак, истиот весник предупредува дека Москва не успеала да спречи израелски напад врз Иран, земја со која потпиша сеопфатен стратешки договор пред само пет месеци. Ова фрла сенка врз нејзината вистинска моќ во регионот и го поставува прашањето колку навистина може да влијае на настаните надвор од постсоветскиот простор.

Би можело да ве интересира

Украина: Руските сателити му помогнаа на Иран да избере цели на Блискиот Исток

Русија: Неиспровоцираниот напад претрпе тежок пораз

Хегсет: Иран побара прекин на огнот

Трамп тврди дека е постигнат договор меѓу САД и Иран за нуклеарниот материјал: „Ќе го ископаме заедно!“

Би-Би-Си: Примирјето со Иран е делумна победа за Трамп, но доаѓа со висока цена

Револуционерната гарда го држи „прстот на чкрапалото“